Судии од Албанија ги обвинуваат САД за мешање во судски процес

Сабота, 09 Фев 2013 | Прочитано 311 пати.

Судскиот совет во Албанија ги обвиниле Соединетите Американски Држави за мешање во судски процес на двајца полицајци кои биле ослободени од обвинение за убиство на тројца демонстранти во текот на антивладините протести пред две години. 

 

Судот во Тирана, по анализа на доказите кои ги собрале со помош на американските форензичари, го ослободил шефот на Републиканската гарда Ндреа Пренди и високиот претставник во таа единица Агим Лупа со образложение дека обвинителите не го докажале обвинението. 

 

Американската амбасада соопштила дека била “изненадена“ од одлуката на судот и дека пресудата “ја намалила довербата во способноста и подготвеноста на албанскиот правосуден систем дека непристрасно и транспарентно ја дели правдата“.

[назад]
loading...
Коментари