Тачи најави референдум за припојувањето на Прешевската долина кон Косово

Среда, 08 Авг 2018 | Прочитано 333 пати.

По неколкудневните пораки за „корекција на границата“ меѓу Србија и Косово и „припојување“ на Медвеѓе, Бујановац и Прешево кон Косово, косовскиот претседател Хашим Тачи најави референдум за ова прашање.


Тачи повторно предложил „мирна корекција на границата“, за која оценува дека е од корист за Косово и покрај тоа што „противниците на овој предлог пропагираат поделба и размена на територии“, пренесува порталот КоССев.


-Во таква ситуација, навистина не останува ништо друго освен да се поттикнат граќаните на Република Косово на донесување одлука, што им овозможува сами да одлучат кој е во право, а која опција е во интерес на Косово. Затоа, императив е на нашите граѓани да им се овозможи правото на референдум, на кој работам да стане реален- напиша Тачи на Фејсбук.


Тачи повторно ја отфрли можноста за поделба и рамена на територии, но ниту овој пат не појасни што конкретно подразбира „корекција на границата“, пренесува порталот.


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај остро се противи на оваа идеја на Тачи, за корекција на границата.


-Границите се поставуваат само со војна, само војната може да ги промени. Сите Албанци би сакале Прешево да се припои кон Косово, но знаете дека тие граници се поставени со влезот на НАТО, 10.000 луѓе загинаа за тие граници, не можете да си играте со границте- рече Харадинај по завршувањето на владината седница.

[назад]
loading...
Коментари