Тензично во Србија: Се брои пред протестот

Сабота, 13 Апр 2019 | Прочитано 165 пати.

„Сите како еден – Еден од пет милиони”, вака е насловен опозицискиот протест кој се одржува денеска во Белград. Протестот е закажан за пред Парламентот во Белград во 15 часот.


Опозицијата во Србија обединета во Сојуз за Србија бараат, како што велат, крај на режимот на власта која е во рацете на партијата на Александар Вучиќ кој моментно е претседател. Од говорницата ќе се обратат опозициските лидери кои повикаа протестот да биде мирен. 


Протести во Србија има од ноември лани, но тие добија на жестина годинава. Опозицијата бара слободни медиуми, оставки од државниот врв и откривање на извршителот и организаторот на убиството на лидерот на иницијативата СДП, Оливер Ивановиќ.

[назад]
loading...
Коментари