Турција ги осуди ракетниот напад врз аеродром во С. Арабија и терористичкиот напад во Буркина Фасо

Четврток, 13 Јун 2019 | Прочитано 404 пати.

Турција ги осуди ракетниот напад врз аеродромот Абха во југозападниот дел на Саудиска Арабија и терористичкиот напад во Буркина Фасо.


Во објавеното писмено соопштение од министерството за надворешни работи се вели следното: „Го осудуваме ракетниот напад врз аеродромот Абха во Саудиска Арабија на 12 јуни 2019 година во кој беа ранети голем број лица. На ранетите во нападот им посакуваме побрзо оздравување. Треба да се избегнува од секој вид насилство и провокација кои што би можеле да им наштетат на напорите кои што се водат под водство на Обединетите нации (ОН), а со цел изнаоѓање политичко решение за кризата во Јемен.“


Инаку, вчера од страна на Хусите во Јемен беше извршен ракетен напад врз меѓународниот аеродром Абха во областа Асир во југозападниот дел на Саудиска Арабија во кој беа ранети 26 лица од различно државјанство.


Во второто објавено писмено соопштение од турското министерство за надворешни работи пак, се истакнува дека со жалење е дознаено за терористичкиот напад кој што беше извршен вчера во близина на градот Арбинда во северниот дел на Буркина Фасо во кој голем број лица загинаа, а имаше и голем број ранети.


Во соопштението се вели следното: „Го осудуваме овој гнасен напад, го изразуваме нашето сочувство до братскиот народ и владата на Буркина Фасо, на загинатите им посакуваме милост од Аллах, а на ранетите побрзо оздравување.“


Вчера во доцните вечерни часови вооружени лица пукаа наоколу во близина на градот Арбинда во Буркина Фасо и во нападот загинаа 19 лица, а 13 беа ранети.


Во нападот беа запалени и голем број куќи, а стотици лица од страв ги напуштија своите домови, во оваа западноафриканска држава.

[назад]
loading...
Коментари