Турција: За 63% зголемен бројот на тури со балони на топол воздух во Кападокија

Петок, 11 Јан 2019 | Прочитано 99 пати.

Бројот на туристи кои уживаат во убавините на популарната дестинација во Турција, Кападокија, е зголемен за 63% во текот на 2018 година, пренесува Хуријет.

Вкупно 537.500 туристи ја разгледувале Кападокија од воздух, со што е направен приход во висина од 70 милиони евра.


Во оваа туристичка атракција, сместена во централниот дел на Турција, работат 25 агенции што нудат разгледување на околината со 100 балони на топол воздух во еден момент. Доколку дозволуваат временските услови, во ист момент на небото над Кападокија може да се забележат и над 50 балони.

Цената на една тура со балон на топол воздух се движи од 120 до 150 евра, во зависност од времетраењето.

[назад]
loading...
Коментари