Турска хуманитарна агенција изгради село за муслиманите Рохинџи

Четврток, 16 Мај 2019 | Прочитано 192 пати.

Турската хуманитарна органзација (ИХХ) изгради село за муслиманите Рохинџи во Кокс Базар, Бангладеш, јавува Anadolu Agency (AA).


Селото наречено Емир Султан, има 414 куќички од бамбус, два бунара, две џамии, простор за заедницата и депонија.


„Благодарение на овие куќи, нашите муслимански браќа и сестри за првпат имаат електрична енергија во нивните домови. Поставивме соларни панели во секоја куќа“, изјави Халил Аса, претставник на Турската хуманитарна фондација (ИХХ).


„Мигрантите Рохинџи ја гледаат Турција како извор за отпимизам. Тие гледаат надеж кога знаат дека сте од Турција и носите турско знаме на вашата облека“, рече претставникот на ИХХ.


Муслиманите Рохинџи, опишани од ОН како најпрогонуваната заедница во светот, се соочија со зголемени стравувања од напади, откако десетици беа убиени во насилствaта во 2012 година.


Според „Амнести интернешнал“ (Amnesty International), над 750.000 муслимани Рохинџи, од кои најмногу деца и жени, избегаа од Мјанмар и преминаа во Бангладеш, откако безбедносните сили на Мјанмар започнаа репресивни мерки против муслиманското малцинство во август 2017 година.


Според извештајот на Меѓународната агенција за развој „Онтарио“ (OIDA), од 25 август 2017 година, речиси 24.000 муслимани Рохинџи се убиени од страна на безбедносните сили на Мјанмар.


„Над 34.000 Рохинџи се фрлени во огнената стихија на запалените села, а над 114.000 беа претепани“, се вели во извештајот, насловен „Присилна миграција на Рохинџите - нераскажано искуство“.


Извор:  aa.com.tr

[назад]
loading...
Коментари