Ужас во Нови Сад: Ја убил сопругата и нејзините родители

Петок, 24 Мај 2019 | Прочитано 424 пати.

Нови Сад е во шок по тројното убиство што се случи утринава. Горан Јанковиќ (36) ги убил сопругата Мирјана (32) и нејзините родители: таткото Бранислав (57) и мајката Нада (57). Убиството се случило во куќата на родителите на сопругата.


Мирјана и Горан биле неколку години во брак, но таа го оставила, бидејќи ја тепал. Неодамна се вратила во куќата на своите родители.


Убиецот е во бегство. Горан и Мирјана имале две деца.

[назад]
loading...
Коментари