Владимир Путин: И покрај сите тешкотии водиме доста продуктивна соработка со Турција

Вторник, 09 Апр 2019 | Прочитано 255 пати.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој вчера престојуваше во еднодневна посета на Москва овде се состана со својот колега рускиот претседател Владимир Путин.

Двајцата лидери претседаваа со 8. состанок за соработка на високо ниво помеѓу Турција и Русија, а потоа одржаа заедничка прес конференција.

Рускиот претседател Владимир Путин истакна дека неговата земја ги исполнува своите обврски кон Турција во врска со природниот гас, и тоа и од аспект на цената, и од аспект на количината.

Осврнувајќи се на постигнатиот договор од Сочи по прашањето на Идлиб, Путин рече: „Апсолутно станува збор за соодветен напредок во Идлиб во рамките на договорот од Сочи.“

„И покрај сите тешкотии водиме една доста продуктивна соработка со Турција по прашањата на економијата и регионалната безбедност“, - порача рускиот претседател Владимир Путин и рече: „Заедно со Турција правиме се што е во наша можност за обезбедување на нашата економска независност, вклучувајќи ја и трговијата со национални валути.“

Рускиот лидер воедно истакна дека неговата земја ги исполнува своите обврски кон Турција по прашањата на природниот гас и тоа и од аспект на цената и од аспект на количината.

Укажувајќи на тоа дека помеѓу Турција и Русија се зголемува соработката и во воено-техничката сфера вклучувајќи го и ракетно одбранбениот систем С-400, Путин продолжи со следните зборови: „И покрај сите тешкотии, водиме една доста продуктивна соработка со Турција по прашањата на економијата и регионалната безбедност. Разговаравме и за нашата соработка во сферите на културата и човечките ресурси. Турција е дојдена во положба на омилена земја за руските туристи. Можноста за безбеден одмор која што ја обезбедува Турција за руските граѓани обезбедува значаен придонес за случувањата во оваа сфера.“

Рускиот претседател Владимир Путин додаде дека на разговорите било разгледано и прашањето со визниот режим што го применува Русија кон турските граѓани во врска со што рече: „Освен возачите на камиони, одлучивме да патуваат без виза и граѓаните кои располагаат со службени пасоши.“

[назад]
loading...
Коментари