Во Грција, демонстрантите го запалија американското знаме

Сабота, 14 Апр 2018 | Прочитано 336 пати.

Во петокот во Атина се одржаа анти-воени демонстрации, за време на кои демонстрантите го запалија американското знаме пред Американската амбасада во градот. Главниот слоган на митинзи организирани од Комунистичката партија на Грција и левичарски партии и организации, беше “Грција не треба да биде вовлечена во можната операција меѓу САД и Сирија”, пренесува весникот “Прото Тема”. Акциите беа поддржани од неколку илјади лица во петокот вечерта.


Подоцна демонстрантите се придвижија кон амбасадата на САД под слоганот “Непријателот е еден – империјализмот”.


Доаѓајќи до зградата каде што се сместени американската дипломатска мисија во Атина, учесниците во протестната поворка вееја транспаренти “САД, НАТО, ЕУ, отстранувајте ги рацете од Сирија”, “Јенки, одете си дома” и “Долу НАТО”. “За жал, опасноста од светска империалистична војна продолжува да расте.


Грчката влада има огромна одговорност кон народот “, изјави генералниот секретар на ЦК Димитрис Коцумбас. Според него, грчката влада не треба да им дозволи на американските и на НАТО трупите да ги користат своите воени бази на грчка територија.

[назад]
loading...
Коментари