Во Хрватска најтопол јунски ден во последните 58 години

Петок, 28 Јун 2019 | Прочитано 111 пати.

Во Пазин, Хрватска, вчера се измерени 35,8 степени Целзиусови, што е најтопол јунски ден во последните 58 години, од кога се вршат редовни метеоролошки мерења.


Температурниот рекорд е соборен и на локацијата Парг – Чабар во Горски Котар, каде се измерени 32,5 степени, што е за 1,2 степени повеќе од стариот рекорд од 2003 година.

[назад]
loading...
Коментари