Во Хрватска, Србија и Црна Гора утринава заврнал снег

Среда, 15 Мај 2019 | Прочитано 126 пати.

Во Хрватска, Србија и Црна Гора утринава падна снег. Според најавите на метеоролозите, во вториот дел на неделава се очекува времето да биде потопло.


Во речиси цела Србија врне дожд, а на повисоките места како Златибор и Копаоник врне снег. Според податоците на Републичкиот хидрометеоролошки завод, температурата на Златибор паднала на еден степен, а во Сјеница и Копаоник на нула степени.


Во северниот дел на Црна Гора исто така утринава паднaл снег, особено во Беране, Андријевица, Плав и Жабљак. Во Жабљак сѐ уште врне снег, а температурата утринава во 7 часот била нула степени.


[назад]
loading...
Коментари