Во музеј во Турција изложен Куран стар 800 години

Сабота, 10 Фев 2018 | Прочитано 538 пати.

Во Музеј во северниот турски град Токат е изложен Куран стар 800 години, што претставува досега најстар примерок на светата муслиманска книга поставен во музеите во азискиот дел на Турција.


Книгата е откриена во реонот на Токат во 2010 година, по што е започнат процес на нејзина реставрација.


На страниците на примерокот на Куранот е наведено дека тој е напишан во 1190 година.

[назад]
loading...
Коментари