Во познато грчко летувалиште запленети 30 огромни стебла канабис

Сабота, 06 Окт 2018 | Прочитано 307 пати.

Четириесет и осумгодишен Австриец беше уапсен вчера во Јерисос на Атос за одгледување на садници канабис, како и за складирање и поседување на дрога.

Во негова сопственост тој имал околу 30 стебла канабис високи и до два метра, во близина на плажата Ксиропотамос.

Денес плантажата ја посетиле полициски службеници кои заплениле 30 стебла канабис, како и 17 килограми и 347 грама суров канабис и електронски ваги.




[назад]
loading...
Коментари