Во Србија, на границата со Македонија и Бугарија, откриено големо наоѓалиште на злато

Понеделник, 21 Јан 2019 | Прочитано 698 пати.

Канадската компанија „Медголд рисорсис“ во јужна Србија, на границата со Бугарија и Македонија, пронашла индикатори дека во таа област има богати наоѓалишта на благородни метали, објави „Вечерње новости“.

Како што наведува весникот, оваа компанија во истражувањето на рудното богатство под назив „Тламино проект“, пронашла слој од 40 метри кој содржи 8,32 грама злато по тон и речиси неверојатни 193 грама сребро по тон.

По ова откритие, канадската компанија склучила договор за заедничко вложување со друга канадска комpанија, „Фортуна силвер“, која ги поседува наоѓалишта на злато и сребро „Сан Хозе“ во Мексико и перуанското наоѓалиште на сребро „Каилома“.

Како што објаснува весникот „Вечерње Новости“, компанијата „Фортуна силвер“, која во Аргентина развива и проект за отворање рудник за злато „Линдеро“, се обврзала дека во понатамошните истражувања и во областа ќе инвестира осум милиони долари, а планирано е два милиони американски долари да бидат потрошени оваа година.

Исто така, според договорот, „Фотурна“, во замена за финансирање на геолошки истражувања во јужна Србија, би можела да стекне 70 отсто од сопственоста во „Талмино проектот“.

Според „Новости“, истражувањата се прават на површина од околу 200 квадратни километри на територијата на Србија.

[назад]
loading...
Коментари