Вонредна состојба во Хрватска - куќите полавени, патиштата под вода

Вторник, 13 Март 2018 | Прочитано 332 пати.

Во малиот град Хрватска Костојница прогласена е вонредна состојба поради излевањето на реката Уна, што предизвика поплава во местото.
Во Карловац утрово нивото на реката Корана беше на 779 сантиметри со тренд на раст од еден сантиметар во час, поради што е прогласена вонредна состојба.
Водостојот на реката Купа утрово беше на 771 сантиметар. И на подрачјето на реката Лика во Селиште е прогласена вонредна состојба.


Поради поплавите затворени се голем дел од сообраќајниците во областа.


[назад]
loading...
Коментари