Вучиќ: Специјалните сили почнаа да се повлекуваат од северот на Косово, СИТУАЦИЈАТА СЕ СМИРУВА!

Вторник, 28 Мај 2019 | Прочитано 219 пати.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ соопшти дека специјалните косовски сили почнале да се повлекуваат од северот на Косово.

Тој во Сообранието на Србија соопшти дека клучната работа заради која почнало повлекувањето е реагирањето на меѓународната заедница која рекла дека има пречекорување на силата.

Вучиќ пред тоа соопштил дека големите сили реагирале и рекле дека постапувањето на полицијата нема врска со борбата против криминалот, туку со пречекорување на мерките.

[назад]
loading...
Коментари