Вучиќ во посета на Хрватска

Понеделник, 12 Фев 2018 | Прочитано 153 пати.

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ од денеска ќе престојува во дводневна посета на Република Хрватска, на покана на неговата колешка Колинда Грабар Китаровиќ.


Двајцата претседатели ќе разговараат за судбината на 1.900-те исчезнати лица и за враќањето на културното богаство исчезнато за време на конфликтот во деведесеттите години од минатиот век, за соработка при апсење на осомничени воени злосторници, за положбата на малцинстава, како и за нерешеното прашање околу границата.


[назад]
loading...
Коментари