Вучик не јаде, не пие и не спие.Депресија брат!

Сабота, 14 Апр 2018 | Прочитано 126 пати.

Цело време сум загрижен. Забележа и канцеларката Меркел и за време на ручекот дека не можам да јадам ништо. Едноставно цели ноќи не спијам поради одговорноста што ја имам.
Јас сум цело време во грч, не можам ниту да се израдувам на сето тоа, поради сите овие политички прашања кои ги наследив, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата со германската канцеларка Ангела Меркел. – Има битки кои ги добивме, но многу повеќе што ги изгубивме, пред сѐ, политички и денес кога е потребна храброст нешто да се реши, никој или ретко кој ја има таа храброст, сите чекаат да реши Вучиќ за сите да му скокаме на глава затоа што размислува за својата татковина. Јас мислам дека е подобро да се обидеме да го решиме, отколку да не решиме. Е сега дали ќе го решиме, не зависи за жал само од нас. Зависи, не од еден, туку од многу други фактори – изјави Вучиќ.

[назад]
loading...
Коментари