Земји од ЕУ сакаат да отворат мигрантски кампови на Балканот

Сабота, 09 Јун 2018 | Прочитано 127 пати.

На Самитот во Софија лидерите на земјите членки на ЕУ разговарале за можноста за отворање мигрантски кампови во државите од балканскиот регион, со што би се спречиле бегалците и мигрантите да влегуваат на територијата на Унијата, објави во денешниот број францускиот весник „Монд“. Идејата, според весникот, потекнува од Данска и Австрија, две земи кои имаат европскептични и антимигрантски влади. Ова не е првпат да се турка идеја за мигрантски кампови надвор од ЕУ. Претходно како опција се посочуваше Либија.

[назад]
loading...
Коментари