Земјотреси ја тресат Грција

Среда, 11 Апр 2018 | Прочитано 136 пати.

Земјотрес со интензитет од 4,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран минатата ниќ во реонот на грчкиот архипелаг Додеканези, што се наоѓа во близина на турскиот брег.


Според Атинскиот сеизмолошки институт, епицентарот на потресот бил меѓу островите Астипалеја и Аморгос, на 260 километри југозападно од Атина.


Нема информации за жртви или предизвикани материјални штети.


Земјотресот со послаб интензитет бил почувствуван и во Атина.


Директорот на Сезмолошкиот институт, Герасимос Хулијарас изјави дека овој земјотрес веројатно претставува „изолирана појава“, имајќи пред вид дека Додеканезите се реон со слаба сеизмичка активност.

[назад]
loading...
Коментари