10 лица завршиле во болница во Струга, причината била труење со храна

Понеделник, 15 Јул 2019 | Прочитано 1,451 пати.

Медицинска помош побарале гости кои синоќа биле на свадба во ресторан во струшкиот регион, а причина за тоа, неофицијално, била тортата што била купена од друго место, а потоа донесена на свадбата, пренесува Алсат.


Според директорот на болницата, Мухамет Асани, пациентите биле примени со симптоми на дијареа и повраќање.


– Нема пациенти кои се хоспитализиран во нашите одделенија. Ниту еден од примените пациентите не бил хоспитализиран, бидејќи не биле во тешка состојба и по медицинската интервенција биле пуштени дома – објаснил Мухамет Асани, директор на Болницата во Струга.


Извор: Strugaonline

[назад]
loading...
Коментари