32-годишен охриѓанец загина вчера во сообраќајка кај Косел

Понеделник, 06 Авг 2018 | Прочитано 812 пати.

Во тешка сообраќајна незгода што се случи вчера во 17:15 часот на магистралниот пат Охрид-Ресен, во близина на селото Косел, животот го загуби Љупчо Ј. (32) од Охрид.


Тој, на магистралниот пат, во правец од Охрид кон Ресен управувал моторцикл марка „Јамаха“ и на критичното место, изгубил контрола и удрил во задниот дел од автобус со кочански регистарски ознаки запрен надвор од коловозот на десната страна. Смртта е констатирана од дежурен лекар во Итна медицинска помош.


На местото на сообраќајната незгода, увид изврши дежурен Јавен обвинител и екипи на СВР Охрид како и овластен судски вештак. За време на увидот сообраќајот не беше запрен односно беше наизменично регулиран во двата правци.


По наредба на Јавен обвинител, врз телото на починатиот денеска ќе биде извршена обдукција, а врз автобусот вонреден технички преглед.


извор: СВР Охрид


StrugaOnline


фото: архива

[назад]
loading...
Коментари