74 години од ослободувањето на Струга

Четврток, 08 Ное 2018 | Прочитано 615 пати.

На денешен ден во далечната  1944 година Струга е ослободена од фашистичкиот окупатор.  Ноќта помеѓу 6-ти и 7-ми  ноември, Народната ослободителна војска ги завзела своите позиции и околу 4 часот и 45 минути ги нападнале Германските единци. Тој напад германските едниници не можеле да го издржат и почнале да се повлекуваат од Охрид преку Струга за да заминат за Албанија.


Веста за ослободување на Струга одекнала во раните утрински часови на 8-ми Ноември 1944. Борбите за ослободување на Струга се опишуваат како тешки и крвави, но желбата за слобода била многу голема, а храброста на борците за поклонување и достојна за секаква почит. Многу животи згаснале токму за Струга да стане слободен град.


Историските случувања треба да ни бидат дополнителен мотив за да ја чуваме нашата Струга убава, чиста и да ги вреднуваме сите благодети кои ни ги дала природата.


 


извор:strugaonline

[назад]
loading...
Коментари