Албанци илегално ја минале нашата граница

Понеделник, 31 Дек 2012 | Прочитано 361 пати.

Вчера,  во 11,20 часот, на регионалниот пат Дебар – Струга при контрола на ПМВ „Опел Вектра“ со охридски  регистерски ознаки  управувано од  Ф.Ц. од Дебар, од страна на УПС од ПС за ГН-Џепиште затекнати се албанските државјани Р.С. (53), Б.С. (39) и Д. Д. (31), сите  од Р.Албанија.

Од обавениот разговор со истите  констатирано е дека на нелегален  начин ја преминале границата и влегле во  Р.Македонија  на 29.12.2012 година.


Во врска со тоа против нив е поднесено барање за поведување на прекршочна постапка поради сторен прекршок „незаконски престој во РМ“, а со пресуда од ОС на истите име изречена мерка забрана за влез во Р. Македонија во траење од една година.

[назад]
loading...
Коментари