Албанските уметници Големи и Тершана уживаа во убавините на Охрид

Вторник, 06 Авг 2019 | Прочитано 159 пати.

Охрид е магичен, посебен град со прекрасна енергија, воодушевено коментираа албанските музичарки, кои вчера прошетаа со туристичкиот водич на „Охридско лето“.


Го посетија Музејот „Куќата на Робевци“ запознавајќи се со автентичната градска архитектура, болничките цркви Света Богородица и Свети Никола, Долна порта, црквата Света Софија. Со голем интерес слушаа за 365 те цркви, за историјата на Охрид , за Охридското езеро, за првиот универзитет во Европа.....



-Сум била во Охрид, но никогаш не сум имала прилика да прошетам со туристички водич, ниту да ги слушнам сите овие важни факти, кои го издвојуваат Охрид од сите градови во светот. Просто, воодушевена сум, рече познатата албанска флејтистка Јонела Големи.


Уметничките беа воодушевени, но и бескрајно благодарни на фестивалот, што им овозможи да се запознаат со културата и историјата на многувековниот Охрид.


-Ова е неверојатно убаво место. Толку многу историја. Долги векови, милениуми живот. Воодушевувачки. Многу ми се допаѓа црквата Света Софија, сум слушала дека акустиката е неверојатна сега се уверив, изјави познатата пијанистка Мерита Реџа Тершана.



„Охридско лето“ годинава, како новина, воведе туристички водич и прошетки за уметниците, кои настапуваат на фестивалот. Целта е преку уметниците, кои ќе понесат незаборавни спомени да се промовира Охрид ширум светот.



Музиката и уметноста се најголемите амабасадори, а фестивалот Охридко лето најголемиот промотор на Охрид.

[назад]
loading...
Коментари