Амбасадорот на Унгарија во посета на Општина Струга

Понеделник, 12 Фев 2018 | Прочитано 894 пати.

Денеска, градоначалникот г.Рамис Мерко на официјална посета беше домаќин на Амбасадорот на Унгарија г. Ласло Дукс и г. Ервин Сел економско аташе во амбасадата.


Дел од средбата беа и шефот на кабинетот на градоначалникот г. Дашмир Насуфи и претседавачот на совет на општина Струга г. Ресул Каба


На средбата се дискутираше за моменталната состојба во општината и можноста за понатамошна соработка во областа на енергетската ефикасност и обновливи извори за енергија.


Ова е прва ваква средба со амбасадата и дел од процесот на изнаоѓање на можности за инвестирање во нашата општина и обезбедување на инвестиции за развој.


„Граѓаните на нашата општина се приоритет, а ние и понатаму ќе се трудиме да обезбедиме што е можно подобри услови за живот и работа во нашиот град. “ – стои во соопштението на Општина Струга


Извор:Strugaonline

[назад]
loading...
Коментари