АМСМ: Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози

Вторник, 14 Мај 2019 | Прочитано 106 пати.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, информираат од АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.  

Извор: ohridpress > АМСМ фото: архива

[назад]
loading...
Коментари