Англичанец приведен во Охрид

Понеделник, 15 Окт 2018 | Прочитано 625 пати.

Синоќа околу 23 часот и 15 минути, во СВР Охрид бил приведен 29 годишен жител на Престон-Англија, поради нарушување на јавниот ред и мир.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски, приведениот синоќа на булеварот „Македонски Просветители“ дрско се однесувал, а потоа искршил рекламна табла од деловен објект лоциран на булеварот.

-На тој начин предизвикал вознемиреност кај граѓаните и ја загрозил нивната безбедност. – појаснува Димовски.

Извор: OhridNews

[назад]
loading...
Коментари