„Бели утра“ најновата стихозбирка на Петко Шипинкароски

Петок, 08 Март 2013 | Прочитано 363 пати.

Деновиве излезе од печат шеснаесеттото дело на струшкиот писател Петко Шипинкароски насловено како „Бели утра“.


Четирите цуклуси содржани во оваа стихозбирка ја претставуваат меланхоличноста и носталгијата на авторот за неговото родно Мариово:


- Темите кои ги обработувам во стихозбирката е времето кое го носам со себе како бреме во минатото, детските денови, па се до денешните дни. Тоа се најразлични содржини што се гледа од самите наслови на сите песни. Главно, зборот е на македонски литературен јазик, но користам и делови од архаичноста и убавиот говор во Мариово, каде што и поголемиот дел од песните се посветени за тие предели, истакнува авторот Петко Шипинкароски.


Петко Шипинкароски досега напишал неколку романи, монодрами и поетски збирки. „Бели утра“ е негова четврта стихозбирка, која ќе биде промовирана најпрвин во Охрид, а потоа и во Струга.

[назад]
loading...
Коментари