Бесплатен интернет за гостите во Охрид

Среда, 11 Јул 2018 | Прочитано 215 пати.


Во согласност со Годишната програма на Секторот за туризам и Локален економски развој, поставена е опрема и пуштен е во употреба Hot Spot бесплатен интернет на 3 најпосетувани локации во Охрид, информираат од охридската локална самоуправа.


Поставени се на Плоштадите  „Св. Климент Охридски“ и „Крушевска република – Чинар“, како и на Плаошник. На овај начин посетителите, туристите, ќе имаат можност бесплатно да користат WiFi интернет со цел добивање на информации за туристичка понуда, календар на настани, манифестации, новости и услуги на градот.



Со самото приклучување на бесплатниот WiFi како почетна страна се отвора ново-редизајнираната веб  www.ohrid.com.mk



Од општина Охрид испраќаат голема благодарност до Н.У. Завод и Музеј и МПЦ- Охридска архиепископија за соработката околу поставувањето на опремата. 


извор: општина Охрид фото: архива


[назад]
loading...
Коментари