Бидете хумани донирајте парични средства за лекување на Ангела Попоска од Охрид

Недела, 09 Јун 2013 | Прочитано 558 пати.

Осумнаесет годишната Ангела Попоска од Охрид боледува од тумор на коските (Chondro sa fem.sin.post op.fem.sin.trombo embolismus.


Од таа причина Ангела треба итно да патува во Виена, Австрија, да се изврши операцијата која ќе и го спаси животот. Здравствениот фонд на Република Македонија ги покрива трошоците за операцијата, но не и трошоците за патување кои изнесуваат 2 500 евра.


Ангела на оваа операција треба да патува во Среда 12-ти Јуни и за таа цел се молат сите хумани луѓе да дадат свој скромен придонес на средства со кои ќе и помогнат да стигне на операцијата која за неа живот значи.


Сите заинтересирани хумани граѓани, средствата можат да ги уплатат на следната сметка:


НЛБ Тутунска Банка
Златко Попоски
210501646252621

[назад]
loading...
Коментари