Бизнисменот Цветомир Угриновски е кандидат за градоначалник Вевчани од редовите на ВМРО-ДПМНЕ

Понеделник, 21 Јан 2013 | Прочитано 2,402 пати.

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги објави имињата на уште осум кандидати за градоначалници за престојните локални избори.


За општина Вевчани, довербата од централата на ВМРО-ДПМНЕ од Скопје ја доби приватниот стопанственик Цветомир Угриновски.


Угриновски, доколку ја добие довербата од вевчански ќе дојде на местото на актуелниот градоначалник Перо Илиевски, исто така кадар на ВМРО-ДПМНЕ.


Според ВМРО-ДПМНЕ, при изборот на овие кандидати се водело сметка за програмата која кандидатите ја нудат пред граѓаните која е во насока на подобрување и унапредување на стопанскиот и инфраструктурниот развој на нивните општини. Како вредносен критериум бил земен и личниот кредибилитет и досегашниот придонес за општината за која се кандидира.

[назад]
loading...
Коментари