Бројот на патници на аеродромите за два месеци поголем за 20%

Сабота, 10 Март 2018 | Прочитано 268 пати.

Во првите два месеци годинава низ двата македонски аеродроми поминале вкупно 286.129 патници. Тоа е раст од 20% споредено со првите два месеци од 2017 година кога на Меѓународниот аеродром „Скопје“ и на аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид поминале вкупно 238.180 патници, покажува статистиката на ТАВ.


Само во февруари, бројот на патници на аеродродромте бележи раст од 22% или за еден месец вкупно се регистрирани 134.749 патници.


Во исто време голем раст е регистриран и кај прелетите. Така во јануари и февруари вкупно на двата македонски аеродроми се регистрирани вкупно 2.588 прелети што е зголемување за 18% споредено со првите два месеци лани.


Само во февруари се регистрирани 1.195 прелети и споредено со февруари минатата година има зголемување за 18%. (Крај)


извор: ОхридПрес

[назад]
loading...
Коментари