Царинските службеници во Струга запленија 468 парфеми

Вторник, 13 Март 2018 | Прочитано 839 пати.

Во текот на минатата недела, царинските службеници спречија обид за нелегален влез на патници и повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани девизи, маслиново масло, црковни предмети, парфеми, цигари, компјутерски делови, водни пумпи и фалсификати.


- 468 парфеми, 220 лосиони, 18 рачни торби и 2 комплети несесери со ознаки на заштитена трговска марка, откриени при контрола на стока со потекла од Соединетите американски држави, наменети за увозник од Скопје, пријавени за увозно царинење во царинската испостава Струга. Поради сомневање дека производите повредуваат права од интелектуална сопственост, истите се привремено задржани, и согласно законските прописи ќе биде поведена постапка за утврдување на нивната оригиналност. Пазарната вредност на сомнителните производи е проценета на околу 750 илјади денари, доколку би се продавале како оригинали.


Покрај тоа, биле пронајдени и 4 нови гуми за патничко возило и 1 скара, што не биле опфатени со царинската декларација, за што  ќе биде поведена прекршочна постапка против увозникот.

[назад]
loading...
Коментари