Ќе се ревитализираат излозите во старата Охридска чаршија

Петок, 12 Окт 2018 | Прочитано 92 пати.

Општина Охрид  и Министерството за економија на Р. Македонија наредниов период ќе реализираат проект за уредување на излозите во старата охридска чаршија и враќање на нејзиниот автентичен изглед.

При потпишувањето на договорот за соработка, Министерот за економија Крешник Бектеши истакна дека проектот се однесува и на разубавување на чаршијата и привлекување поголем број посетители и гости од земјава и странство  

– Ние во  во рамки на Програмата за развој на туризмот за 2018 предвидовме, после скопската, да ја прошириме оваа активност и на останатите чаршии, и тоа во соработка со општините на чија територија се наоѓаат тие. За реализација на овој проект годинава обезбедивме буџет од 16,5 милиони денари, а преку јавен повик беа поканети општините Чаир, Центар, Битола, Охрид и Струга да аплицираат, притоа запазувајќи ги условите од самата техничка документација и предмер-пресметките, кои ги дистрибуиравме до нив. На повикот пристигнаа вкупно 182 апликации, а од услови согласно повикот исполнија 160 дуќани, од кои 115 од скопската, 38 од битолската и 7 од охридската чаршија. За жал, од струшката чаршија не добивме апликации -рече Бектеши.

Проектот „Ревитализација на излозите  во старата чаршија“, покрај во Охрид ќе се реализира и во  општините Чаир, Центар и  Битола. Овие општини   ќе имат рок од 1 година за имплементација на споменатите активности, а дуќанџиите немаат никаква обврска да партиципираат нивни средства, односно сите средства се обезбедени од  Министерството за економија.


Извор: tvm.mk

[назад]
loading...
Коментари