Ќе се заштитува Мустафа Челеби џамијата во Струга

Петок, 15 Март 2013 | Прочитано 515 пати.

Преку конкретно изработен проект „Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј“ Охрид до крајот на 2013 година ќе изврши реконструкција и санација на Мустафа Челеби џамијата во Струга.


Од оваа национална установа информираат дека голем број од објектите кои биле прогласени за споменици на културата веќе не постојат или на нивно место се изградени нови објекти. Поради тоа велат оттаму неопходна е заштита на постоечките значајни културни добра, меѓу кои е и џамијата во Струга.


- Интензивно се работи на изработка на проектите за реконструкција и санација на џамијата, оние делови кои останаа ќе бидат санирани. Останатиот дел кој што беше срушен ќе биде реконструиран и се надеваме дека во иднина нема да имаме вакви прблеми, истакнува директорката на Завод и музеј, Тања Паскали - Бунташеска.


Од Заводот и музеј во Охрид појаснуваат дека минатата година џамијата била бесправно рушена, бидејќи истата била прогласена за поединечно заштитено добро.


- Џамијата дефинитивно беше бесправно рушена. Значи ние ја прогласивме за поединечно заштитено споменично добро, меѓутоа и покрај тоа што ја прогласивме веројатно тогашното раководство од муфтивството одлучи дел од џамијата да биде срушен со цел да се направи поголема и поубава. Ние ги презедовме сите активности, тогаш пријавивме и до МВР и до Државен градежен инспекторат, до Управата за заштита на културното наследство и така успеавме тој барем најстариот дел од џамијата да го сочуваме несрушен, додава директорката Тања Бунташеска - Паскали.


Мустафа Челеби џамијата во Струга датира од шеснаесеттиот век и еден од најстарите споменици на културата во струшкиот регион.

[назад]
loading...
Коментари