Црвен крст – Струга ја одбележува неделата за промоција на лична хигиена

Петок, 13 Апр 2018 | Прочитано 383 пати.

Според календарот на традиционални активности, Црвен Крст на Република Македонија ја одбележува неделата посветена на промоција на хигиена. Како и секоја година, Општинската организација на ЦК Струга се вклучи во одбележувањето на неделата за промоција на хигиена што оваа година го носи мотото „Чистите раце спасуваат живот“.


„Оваа година одлучивме тоа да го спроведеме со најмладите, за таа цел ја посетивме групата „Мозаик“ во градинката „Пеперутка“. – информираат од тимот на Црвек крст кој ги едуцираше децата во оваа градинка за тоа колку е важна хигиената и нејзиното редовно одржување.


Младите на Црвен крст-Струга по овој повод делеа флаери со содржина посветена на личната хигиена во центарот на Струга.


извор:Strugaonline

[назад]
loading...
Коментари