Димче Ашталкоски го фати светиот крст во Струга

Сабота, 19 Јан 2013 | Прочитано 452 пати.

Меѓу верниците кои денес скокаа по Светиот крст во водите на реката Црн Дрим во Струга, најсреќен беше Димче Асталкоски.


Годинава кумовите за празникот Богојавление во Струга беа Перо Петкоски и Ѓоко Илоски под раководство на Црквата „Свети Ѓорѓија“ во Струга.


Поставувањето на бината на чаршискиот мост во Струга оваа година беше поразлична од минатата. Денеска имаше традиционална богослужба во Црквата „Свети Ѓорѓија“ во Струга, а потоа следуваше литијата од црквата до мостот, од каде во присуство на владиката на Дебарско- кичевската епархија Тимотеј во 11 часот  беше фрлањето на крстот во осветените води на реката Дрим.

[назад]
loading...
Коментари