Дирекцијата за заштита и спасување ПО-Струга со препораки поради наглото зголемување на температурите

Четврток, 26 Апр 2018 | Прочитано 628 пати.

Дирекцијата за заштита и спасување Подрачно одделение Струга поради наглото зголемување на температурите на подрачјето на Р.Македонија и можната појава на шумски пожари и пожари на отворени простори, согласно Законот за заштита и спасување и Законот на шумите превзема мерки и активности за превентивно делување во врска со заштита од можни шумски пожари и други пожари на отворен простор во наредниот период.


За поуспешна заштита од евентуално настанување на пожари, Дирекцијата за заштита и спасување известува дека ваквата состојба наложува поголема будност и мобилност на сите граѓани и субјекти во заштитата од пожари.


Како неопходни мерки за намалување на опасноста од настанување на шумски и други пожари на отворен простор, Дирекцијата за заштита и спасување ги посочува следните предупредувања до сите граѓани на Република Македонија.


- Да не се пали оган на отворен простор и на небезбедни места
- Да не се палат стрништа,меѓи и други површини
- Да не се фрлаат стаклени шишиња и друга стаклена амбалажа
- Да не се врши палење отпад и друг горлив материјал
- Да не се фрлаат опушоци од цигари

[назад]
loading...
Коментари