Екипите на „ЈП Комунално“- Струга активирани за чистење на снегот

Среда, 09 Јан 2019 | Прочитано 410 пати.

Почитувани граѓани на Oпштина Струга,


Екипите на „ЈП Комунално“- Струга како и компаниите ангажирани за чистење на патот работат на расчистувањето на снегот во чаршијата, кејовите и тротоарите на град Струга, како и патиштата низ сите други населби.


Заради ефикасност и избегнување на можните пречки во сообраќајот, ВЕ МОЛИМЕ ДА СЕ ИЗБЕГНЕ ПАРКИРАЊЕ НА ВОЗИЛА НА УЛИЦА ОСОБЕНО ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ. Непрописното паркирањето го спречува ефикасното чистење на патиштата и ја отежнува работата на службите. Доколку внимавате ќе ја олесните работата на службите за чистење и ќе избегнете било какви можни оштетувања на Вашето возило.


Ве молиме за вашата соработка и разбирање.


Канцеларија за односи со јавноста.
Општина Струга

[назад]
loading...
Коментари