Еко-акција на 11-ти октомври низ цела Македонија, повикани се и стружани

Среда, 09 Окт 2019 | Прочитано 128 пати.

По иницијатива на oрганизација #НЕБИДИЃУБРЕ заедно со Студентската организација при Правниот факултет „Јустинијан Први“ на 11 октомври 2019 се организира еко-акција низ целата земја.


„Каде? Секој град и село. Од Куманово, преку Берово, до Струмица и Гевгелија. Од Скопје, преку Велес, до Прилеп и Битола. Од Охрид и Струга, преку Кичево, до Гостивар и Тетово.


Како? Со чистење! Кој? Сите! Се што треба да направите е сами или со вашите другари да излезете на локација по ваш избор и да го соберете ѓубрето, па макар се работело и за едно пластично шише, да сликате (пред и потоа) и сликата да ја испратите во фб групата: НЕ БИДИ ЃУБРЕ .


Борбата против ѓубрето допрва започнува! Чиста Македонија!“ – велат организаторите.


Извор:Strugaonline

[назад]
loading...
Коментари