Експерти, практичари, истражувачи и научници дискутираат за развојот на услужниот сектор

Петок, 14 Сеп 2018 | Прочитано 217 пати.

Во просториите на Факултетот за туризам и угостителство, денес и утре, се одржува Меѓународна научна конференција за услужниот сектор INSCOSES 2018. Покрај домашни, учествуваат и еминентни личности од оваа област од Србија, Хрватска, Бугарија, Германија, Русија, Полска, Израел, САД и други земји.



 


Целта на конференцијата е да се стимулираат отворени дискусии помеѓу експерти, практичари, истражувачи, научници и академијата за различни аспекти на развојот на услужниот сектор.



Учесниците имаат можност да достават преглед и истражувачки трудови поврзани со главната тема на конференцијата и различните тематски области на конференцијата во врска со туризмот и угостителството, осигурување, царина и шпедиција и финансиски услуги.


Извор:Ohridnews

[назад]
loading...
Коментари