Експертите предупредуваат дека е можна нова трговска војна во светот

Сабота, 14 Апр 2018 | Прочитано 113 пати.

Можна е нова трговска војна во светот која би можело да ги замагли изгледите за повисок економски раст, предупредуваат експертите од областа на монетарната политика, кои изминатите два дена во Охрид учествуваа на Седмата годишна истражувачка конференција на Народната банка на Република Македонија, насловена како: „Речиси една деценија по кризата: На патот кон новиот глобален циклус и нормализирање на монетарната политика“.


- Заради зголемување на увозните цени може да дојде до недоверба на потрошувачите и инвеститорите и до лоша состојба на пазарот на капитал. На долг рок тоа може да влијае негативно и врз растот на производството. - истакна Превод Јан Сметс – гувернер на Централна на Белгија.


На негативните економски трендови предупредија и претставниците на Меѓународниот монетарен фонд, посочувајќи дека иако десетина години по големата економска криза, генералната оценка е дека глобалната економија добро закрепнува, светот мора да биде подготвен за предизвиците што претстојат.


- Во последнава година добрата вест е дека растот е поголем од очекуваниот, а тоа е затоа што глобалната трговија почна да се засилува, но доколку таа почне да забавува, тогаш овие позитивни изгледи и забрзано заздравување ќе се намалат. - вели Бас Бејкер од Регионалната канцеларија на ММФ за Централна и источна Европа.


На Конференцијата во Охрид зедоа учество и претставници на повеќе централни банки од регионот, ЕУ и пошироко, како и од истакнати светски универзитети и меѓународни организации. Деловните банки од Република Македонија и другите финансиски институции, како и државните институции, исто така беа присутни со свои претставници.


Во рамки на Конференцијата беше врачена Годишната награда за најдобар труд на млад истражувач од областа на макроекономијата и банкарството, којашто Народната банка, традиционално ја доделува од 2007 година па наваму. Годинава, му е доделена втора награда на младиот истражувач Кирил Симеоновски, за трудот „Економски раст во услови на оптимално управување со јавниот долг во Македонија“.


Оваа конференција традиционално се одржува во знак на одбележување на монетарното осамостојување на Република Македонија.


извор:OhridNews

[назад]
loading...
Коментари