Евтина авиолинија Охрид-Скопје до Варна и Бургас

Среда, 10 Апр 2013 | Прочитано 375 пати.

Делегација на Македонско-бугарската стопанска комора денеска ќе учествува на трилатералниот Бизнис-форум во Софија со учество на стотина компании од двете земји и Романија.


Претседателот на комората Зоре Темелковски на Форумот ќе има свое обраќање каде што ќе ги достави иницијативите за средба на туристичките асоцијации и туроператори пред стартот на сезоната. Ќе биде иницирано запознавање со потенцијалите на Охридско-преспанските капацитети, планинскиот туризам во Македонија, како и летните аранжмани за туристичките места на бугарското крајбрежје.


Македонско-бугарската стопанска комора ќе иницира и евтина и нова авиолинија од Охрид-Скопје кон Варна и Бургас, за што веќе се остварени контакти со македонската Управа за цивилно воздухопловство.

[назад]
loading...
Коментари