Езерото целосно ја проголта плажата „Метропол“

Среда, 10 Апр 2013 | Прочитано 351 пати.

Дека надојденото езеро ги проголта повеќето плажи долж охридската ривиера, говори сликата кај хотелот „Метропол“.

Високиот водостој на Охридското Езеро целосно го потопи од еден од бетонските мостови на плажата, додека дрвениот е целосно оштетен од силните бранови.


Жителите на околното село Коњско, велат дека езерото не било толку надојдено во последните 70 години.


Езерото некогаш беше вака надојдено, но во моиве 77 години не паметам до олку да било. Нивото е високо. Среќа  што нашето село се наоѓа над езерото. Инаку, ќе ги имавме истите маки како пештанци.“ - вели 77-годишен жител на охридското село Коњско.


Инаку, нивото на Охридското Езеро од пред два дена се наоѓа на 27 сантиметри над максимално утврдената кота од 693, 75 метри надморска висина.

[назад]
loading...
Коментари