Фатени стружани кои извршиле неколку кражби

Четврток, 17 Мај 2018 | Прочитано 1,010 пати.

Поради постоење основи на сомнение за сторени три казнени дела „тешка кражба“, полициската станица од Струга до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против две лица од Струга.


- Тие, казнените дела ги извршиле во текот на март и април оваа година со користење  подесен  алат-хебла, но и физичка сила при што отворале влезни врати од маркет, бутик и соблекувална на основни училишта, сите лоцирани во Струга. По влегувањето, пријавените вршеле пребарување и одземале мобилен телефон, лап топ и облека, информираат од МВР.


Со извршувањето на казнените дела, пријавените предизвикале материјална штета и се стекнале со противправна имотна корист од околу 154.000 денари.

извор:OhridNews

[назад]
loading...
Коментари