Физички напад кај кампот Ливадишта врз жител од Радолишта

Понеделник, 20 Мај 2019 | Прочитано 1,163 пати.

На 19.05.2019 година во 14 часот, во близина на Авто кампот ,,Ливадиште“ кај Струга, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од М.К.( 68) од Струга врз Р.С.(38) од селото Радожда. Тој се здобил со телесни повреди констатирани во Општата болница во Струга. Напаѓачот М.К. е повикан во полициска станица и против него ќе биде поднесена пријава.

Портпарол на СВР Охрид
  м-р Стефан  Димоски  

[назад]
loading...
Коментари