ФК Лабуништа 2011 одржа состанокот со дневен ред за идно дејствување...

Петок, 06 Јул 2018 | Прочитано 1,954 пати.

Се информираат сите граѓани и правни субјекти дека ФК Лабуништа 2011 на седница на собранието одржана на ден 30.06.2018 година ги донесе следниве одлуки:


1.На основа на доброволен прилог секое домаќинство да донира месечен износ од 100 денари за што лице одредено од страна на собранието секој месец че врши достава на наплатни талони со печат и потпис од ФК Лабуништа.


2.Се формира комисија од пет члена со цел да се изврши посета на правни субјекти на ниво на населба Лабуништа со предлог за донација од 1000 денари месечно исто така на доброволна основа. Истите ќе бидат писмено овластени и ќе носат обележани овластувања.


3.Преку официјална страница на клубот и медиумски да се повика секој граѓанин да помогне со свој доброволен прилог.


4.До општина Струга да се достави писмено барање за финансиска подршка.


5.Исто така на состанокот беше ибзран и нов управен одбор кој ќе ги организира активносите во наредниот период.


Со почит собрание на ФК Лабуништа 2011

[назад]
loading...
Коментари