Фк Лабуништа несреќно загуби во Скопје....

Понеделник, 16 Сеп 2019 | Прочитано 798 пати.

Вчера во рамките од 4-тото коло Фк Лабуништа гостуваше на стадионот Автокоманда во Скопје против ФК Скопје, во еден тврд и рамноправен натпревар во кој се чекаше грешка на противникот, Лабуништани имаа четири сто процентни шанси за погодок но среќата не беше на наша страна, после една прекрасна акција на Лабуништани преку најдобриот поединец Каланоски во 86 минута во желба да постигне победоносен гол среќата им заврте грб а познатото непишано правило во фудбалот се одрази во 94 минута кога Филип Јаневски после една мешаница и невнимание во одбраната постига гол за многу вредни три бода со кој Скопје после четврото коло го презема врвот.


Но задоволни сме од прикажаното на теренот играчите го дадоа својот максимум но ете немавме среќа да постигенеме гол, во кој сигурно натпреварот ќе имаше поинаков тек, но тоа е веќе минато и сега треба да се фокусираме на наредниот натпревар против Дрита и да се врати самодовербата кај играчите, додаваат од таборот на Лабуништа.


На останатите наптревари Пелистер си се прошета низ Охрид и успеа да победи со 5:1 Влазерими со 3:2 го победи Вардар Форино, Дрита со 2:0 славеше над Кадино а Гостивар со 2:0 беше подобар од Кораби.



[назад]
loading...
Коментари