ФК Лабуништа ни во пријателските натпревари не знае за пораз!!!

Понеделник, 11 Фев 2019 | Прочитано 1,023 пати.

Денешниот натпревар не беше ни блиску од тоа што го замислувавме за останатиот дел од првенството. Но сепак ова се тие пријателски натпревари каде е дозволено се да се проба и најмалку е битен резултатот. Брегалница се покажа како цврст противник кој не изненади со пресинг игра на која споро реагиравме изјави шефот на стручниот штаб Петар Џигероски...

Квалитетен второлигашки натпревар каде наидовме на квалитетен противник, без многу убавина во играта од двете страни. Знаејќи дека Лабуништа имаат квалитетен состав кој знае да организира напад, вршевме пресинг со цел да ги држиме подалеку од нашиот гол и во тоа успеавме во целост. Дадовме гол уште во првиот дел но не успеавме да го задржиме водството до крај. Мало не внимание на одбраната резултираше со израмнување и конечен резултат изјави шефот на стручниот штаб на Брегалница Зоран Стејроки...

Се функционира во најдобар ред тренажниот процес е на високо ниво и во суштина ние сме задоволни од денешниот натпревар тоа што најмногу не радува нас како управа е максималното залагање на играчите и стручниот штаб и се надеваме дека ваквата работа позитивно ќе се одрази во остатокот од првенството. Следниот пријателски натпревар го играме во среда на градскиот стадион во Струга против второ лигашот ФК Партизан Обрашани со почеток во 13:00 часот изјави директорката Ивана Лескароска...

Тренираме со полн интензитет по два тренинзи во денот се оди во една нагорна линија и крајниот епилог се надеваме ќе се реализира во првенството. Натпреварите кој ги играме во овој припремен период се од подруг карактер а нашиот максимум ќе го покажеме во првенствените натпревари изјави искусниот голгетер Игор Клечкароси.








 Фото: Шаќир Алиоски

[назад]
loading...
Коментари